Општина Гевгелија може да послужи како пример на останатите општини кога се во прашање дисциплината, одговорноста и јавната свест на граѓаните, а тоа уште еднаш го докажува анкетата поставена на нашиот веб сајт. (за жал не сме општина со најмалку казни по број на жители за неносење заштитна маска, за ова ќе направиме истражување во друг напис каде што ќе се споредиме со општините Тетово, Чаир, Арачиново, Шуто Оризари и други.)
Нашето анкетно прашање гласи „Како се придржувате до мерките за заштита од COVID-19?“ – на кое 78% одговориле дека ЦЕЛОСНО СЕ ПРИДРЖУВААТ, а само 22% дека делумно се придржуваат до мерките за заштита. Ниту еден граѓанин не ја избрал опцијата воопшто не се придржувам.
Анкетното прашање останува до крај на неделава, секој може да гласа на линкот.