Локално Вести ГРЦИЈА НА ПРВИ ЈУЛИ ЌЕ ЈА ОТВОРИ ГРАНИЦАТА СО Р. МАКЕДОНИЈА

ГРЦИЈА НА ПРВИ ЈУЛИ ЌЕ ЈА ОТВОРИ ГРАНИЦАТА СО Р. МАКЕДОНИЈА

1383
0
Граничен Премин

Граѓаните на Северна Македонија и Албанија ќе можат да патуваат во Грција од 1 јули, истакна министерот за туризам Харис Теохарис.

Во однос на меѓународните летови солунскиот аеродром од 15 до 30 јуни ќе биде затворен за граѓани од Италија, Шпанија, Холандија, Велика Британија, Турција, Албанија и Северна Македонија.

Летовите од Албанија и Северна Македонија до Меѓународниот аеродром во Атина, во овој период, ќе бидат дозволени само за основни цели, информира Теохарис, пренесе „Катимерини“.

Од 1 јули на сите грчки аеродроми ќе бидат дозволени меѓународните пристигнувања, а на странските фериботи ќе им биде дозволено да се приклучат на грчките пристаништа.

За патниците кои пристигнуваат од 1 јули од сите дестинации ќе се спроведуваат тестови по случаен избор и ќе се соочат со карантин од 14 дена доколку резултатите се позитивни. Сите патници ќе бидат должни да пополнат формулар за нивните контакти во Грција.

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде