Во изминативе денови беа извршени неколку активности од страна на Општина Гевгелија за подобрување на патната инфраструктура на територија на општината.
Два крака од улицата “Деко Ковачев” и еден крак од улицата “Серменинска” веќе имаат нов изглед. Со бетонирањето на овие краци, жителите на “Деко Ковачев” и “Сермениска добија уредена и соодветна патна инфраструктура.
Почна ревитализацијата на патниот правец Богородица-Стојаково.
Започнаа изведбените работи за ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково- крстосница со регионалниот пат Гевгелија- Богданци.
заврши бетонирањето на крак на улицата „Ванчо Баламов “ во Прдејци.
Општина Гевгелија продолжува со акцијата за обнова на локалната патна инфраструктура како во градот Гевгелија така и во населените места.