Следува настан кој ги вклучува и возрасните и децата. Бидете дете со своите деца и оставете белег преку платно. Станува збор за настан кој има хумана цел.
На ден 17.07.2020 со почеток во 19:30 часот, на плоштадот Сава Михајлов ќе бидат поставени три штафелаи со бели платна. Истите тие платна треба да се исполнат со бои од ВАШИТЕ раце. Секој родител со своето дете може да остават дел од својата фантазија или бајка на овие бели платна и да ја исполнат приказната „Нацртај приказна, отсликај насмевка“ се со цел на крај истите дела да го разубават просторот во новиот објект на центарот Мајка Тереза.
Но тоа не е се, најмалите и најмилите ќе ги забавува шоуменот Кристијан КИКИ Бенито (акробат, магионичар, жонглер). Поради вонредната состојба со пандемијата од корона вирусот, ве замолуваме сите мерки на претпазливост да бидат почитувани (носење маска, држење растојание и дезинфекција на рацете). За таа цел пред секое платно ќе бидат обезбедени гумени ракавици за еднократна употреба и антибактериски гел за дезинфекција.