Технологија Автомобилизам ИДНИНАТА Е ВО ВОЗИЛАТА НА ПОГОН НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

ИДНИНАТА Е ВО ВОЗИЛАТА НА ПОГОН НА ЕЛЕКТРИЧНА ЕНЕРГИЈА

КОЛКУ ЌЕ ВЕ ЧИНИ ЕДЕН ЕЛЕКТРИЧЕН АВТОМОБИЛ?

1290
0
електричен автомобил

Електромобил е автомобил што се движи со помош на еден или повеќе електрични мотори, користејќи ја електричната енергија складирана во батерии или друг уред за складирање на енергија. Електромоторите овозможуваат моментален вртеж на електричните автомобили, со што создаваат силно и рамномерно забрзување.

Електричните автомобили беа популарни во крајот на 19-тиот и почетокот на 20 век, се до напредокот во технологијата за мотори со внатрешно согорување и масовното производство на возила кои работат на поевтин бензин што доведе до пад во употребата на возила со електричен погон.

Енергетската криза во 1970-тите и 80-тите доведе до краткотраен интерес во електричните автомобили, затоа тие автомобили не го постигнаа масовниот маркетинг како што денешните електрични автомобили го доживуваат.

Од средината на 2000-тата година, производството на електричните автомобили доживува преродба поради напредокот во технолигиите за батерии и управување со енергијата,но и е загрижено поради се почестата нестабилност околу цените за нафта и потребата за намалување на испуштањата на штетните, стакленички гасови.

Електричните автомобили имаат неколку предности во споредба со автомобилите со класични мотори со внатрешно согорување, како што се: значително намалување на локалното загадување на воздухот, бидејќи тие не испуштаат штетни гасови од вградениот извор на енергија во моментот кога возилата работат;

намалено испуштање на стакленичките гасови од вградениот извор на енергија, во зависност од горивото и технологијата користена за создавање на електрична енергија за полнење на батериите;

и помала зависност од странската нафта, што за САД или за другите развиени земји или за земјите во развој е причина за загриженост за ранливоста на нестабилните цени на нафтата и за прекини во снабдувањата. Исто така за многу земји во развој, а особено за најсиромашните земји во Африка, високите цени на нафтата имаат негативно влијание врз нивниот платен биланс, попречувајќи го нивниот економски раст.

Во последно време, се произведуваат се повеќе видови на електрични автомобили за различна намена, семејни, спортски, комерцијални, товарни и патнички.

Големата конкуренција, главно кај кинеските производители доведе до значително подобрување на квалитетот и перформансите на новите модели, а цените се повеќе од прифатливи дури и за нашиот македонски пазар.

БудоШоп е најголемиот увозник на електрични автомобили во нашата држава. Изборот на преку 100 модели на електрични возила може да го погледнете онлајн во нивната е-продавница цените се движат од 3.500€ до 360.000€.

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде