Локално Вести МОБИЛНИ ТИМОВИ ЌЕ ПОМАГААТ НА СТАРИ ЛИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА

МОБИЛНИ ТИМОВИ ЌЕ ПОМАГААТ НА СТАРИ ЛИЦА ВО ГЕВГЕЛИЈА

1705
0

Поради превентивна заштита од Covid 19 (Корона вирус), а тргнувајќи од мерките на Владата, Општина Гевгелија ќе организира акција за поголема колективна безбедност на граѓаните.

За таа цел, формирани се општински мобилни тимови, кои почитувајќи ги мерките на претпазливост, ќе ги посетат домовите на сите стари лица-самци и стари изнемоштени лица за да им пружат помош за набавка на потребните прехранбени артикли, средства за лична хигиена, лекови и наплата на месечни сметки.

Исто така, се известуваат сите стари лица-корисници на помош и нега, како и други стари лица, на кои им е потребна ваков тип на помош, дека можат да се јават на дежурниот телефон на Општина Гевгелија.

Покрај ова, Општина Гевгелија на сите граѓани-корисници на гарантирана минимална парична помош ќе им донира еднаш неделно пакет со средства за дезинфекција. Заштитни средства (маски, ракавици и дезинфекциони гелови) ќе им бидат донирани и на сите 23 такси-компании во општината.

Дежурен телефон: 078 690 648

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде