Технологија ИКТ НАЧИНОТ НА РАЗМИСЛУВАЊЕ НА ИЛОН МАСК

НАЧИНОТ НА РАЗМИСЛУВАЊЕ НА ИЛОН МАСК

1081
0
Илон Маск

Од започнувањето на PayPal и SpaceX до водењето на најтехнолошки-развиената компанија за автомобили во светот Tesla, Илон Маск има голем број на импресивни достигнувања, и тоа на само 48 години.

Во TEDTalk говор во 2013 година, претприемачот милијардер го откри својот “таен сос” за постигнување вонредни достигнувања – размислување со користење на “основни принципи”, стратегија за донесување одлуки во која “ги поедноставувате работите до нивните основни вистини и од таму го користите разумот, спротивно на расудувањето по аналогија”.

Рамка за разложување на комплексни проблеми

Терминот “основни принципи” бил измислен пред повеќе од 2.000 години од античкиот филозоф Аристотел, кој верувал дека најдобриот начин да се разбере една тема е да се разложи до нејзините најосновни принципи.

Во интервју во 2012 година со основачот на Digg, Кевин Роуз, Маск објасни како да се примени овој метод на принципи, користејќи ја цената на батериите за автомобили како пример:

Чекор 1: Идентификувајте го проблемот и неговите вообичаени претпоставки

“Некој може да рече: Батериите се навистина скапи и тоа од секогаш било, и ќе биде така. Историски гледано, тие секогаш имале цена од 600 долари за киловат на час”, рече Маск, обраќајки се кон “вообичаената претпоставка” за батериите на автомобилите.

Повеќето луѓе едноставно би прифатиле дека “нема да биде подобро од тоа во иднина”.

Чекор 2: Разложете го проблемот до неговите основни вистини

Ова е често најтешкиот дел, а клучот е да се постават вистинските прашања – предизвикувајќи ги вообичаените претпоставки. Продолжете да копате подлабоко и подлабоко, сè додека не останете само со основните вистини.

“Со основните принципи, вие прашувате: Кои се материјалните состојки на батериите? Која е вредноста на берзата на материјалните состојки? Има кобалт, никел, алуминиум, јаглерод, некои полимери за раздвојување.”, објаснува Илон Маск.

Потоа, тој продолжува, “го спуштате сето тоа на неговата материјална основа и заклучувате: Ако ги купите материјалите од ‘London Metal’ берзата, колку би чинела секоја од овие работи? Заклучокот е околу 80 долари за киловат на час.”

Чекор 3: Користете ги основните вистини за да поставете нова насока

Основните вистини се како градежни блокови. Откако ќе ги соберете, можете да ги искористите за да создадете целосно ново и иновативно решение.

Со батериите, “треба само да размислите за паметни начини да ги земете сите тие материјали и да ги комбинирате во форма на батерија за кола”, рече Маск. “Тогаш можете да имате батерии кои се многу, многу поевтини отколку што повеќето сфаќаат дека е можно.”

извор: Бизнис Бар

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде