Во тек е обновата на хоризонталната сообраќајна сигнализација во општина Гевгелија.
Станува збор за површина околу 4000 метри квадратни, од кои со машинско обележување 3500 квадрати ќе бидат обележани со бела боја (пешачки премини, средишни и рабни линии), 400 квадрати со жолта боја (за автобуските и такси стојалишта) и 100 квадрати со црвена боја (кружни текови). Акцијата ја спроведува струмичката фирма „МС СТОП ИНЖИНЕРИНГ“.
Приоритет на Општина Гевгелија е зголемувањето на прегледноста на улиците и безбедноста во сообраќајот.
Спонзорирано:
loading...