Локално ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОДВОИ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА САНИРАЊЕ НА МОСТОТ ВО С....

ОПШТИНА ГЕВГЕЛИЈА ОДВОИ 2 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА САНИРАЊЕ НА МОСТОТ ВО С. МОИН

1694
0

Општина Гевгелија со сопствени средства од буџетот ќе изврши санација на мостот на влезот од с. Моин. Градоначалникот Сашо Поцков ова го изјави денес на социјалните мрежи.

„Денеска го посетив Мостот на Сува Река, на влезот во Моин. Веќе во тек се изведбените работи за негово санирање од страна на „Еуроинг“. Му дадовме приоритет на овој Мост, со Општински буџет во висина од 2.110.076 денари, со цел да ги задоволите барањата и потребите на граѓаните и Месната заедница Моин бидејќи при секои пообилни вржени и надојдени речни води, овој проблем кој се провлекуваше со години, претставуваше закана за одвивање на сообраќајната комуникација.“ – Објави Поцков на неговата фан страница.

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде