Локално Вести ПОТВРДЕНИ ДВА НОВИ СЛУЧАИ НА COVID-19 ВО ГЕВГЕЛИЈА

ПОТВРДЕНИ ДВА НОВИ СЛУЧАИ НА COVID-19 ВО ГЕВГЕЛИЈА

1991
0
COVID19 Test

За жал, во општина Гевгелија потврдени се два случаја на новозаболени од Корона вирус.

По долго време откако нашиот град стагнираше на листата со градови на заболени, денеска, повторно се најдовме на таа листа. Им посакувам лесно закрепнување и побргу оздравување на двајцата заболени од Гевгелија.Од страна на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија веќе се преземаат потребните мерки согласно алгоритмите пропишани од СЗО.

„Во оваа прилика, како градоначалник на Општина Гевгелија, апелирам до моите сограѓани да ги почитуваат мерките на Владата на РСМ и Општинскиот штаб за заштита и спасување за спречување на ширењето на Корона вирусот. Задолжително носење заштитна опрема (маски и ракавици), редовно одржување на личната хигиена и дезинфицирање на рацете со антибактериски средства, без масовни собирања и групирања се значајните правила кои имаат улога во борбата со Корона вирусот. Еднаш, успешно го победивме непријателот, се надевам дека и овојпат ќе ја добиеме битката.“ – Изјави Градоначалникот на Општина Гевгелија, Сашо Поцков на социјалните мрежи.

Додека трае оваа битка во која сите сме заедно, да покажеме човечност, хуманост и солидарност! Само со дисциплина и одговорност ќе се заштитиме самите себе, а ќе ги заштитиме и другите околу нас!

Од нас зависи!

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде