Локално Вести ПРВО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ЧЕТВРТОК

ПРВО ПРСКАЊЕ ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО ЧЕТВРТОК

1291
0
Тигрест комарец

Центарот за развој на Југоисточниот плански регион во соработка со десетте општини од регионот, согласно Одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, организира прво прскање против возрасни комарци по земјен пат. Во четврток, на 11 јуни 2020 година, првото прскање ќе биде извршено во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

Согласно набавката, предвидени се вкупно две ларвицидни прскања и три прскања против возрасни комарци на територијата на Југоисточниот регион со вкупна површина од 5.376 ха.

Се известуваат сите граѓани дека првото прскање на територијата на општина Гевгелија, во четврток, ќе се изврши во периодот од 19:00 до 02:00 часот.

Се известуваат сопствениците на пчелни семејства да преземаaт соодветни мерки за заштита, односно да ги затворат истите во најавениот временски период. 

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде