Локално Вести „ПУКНА ИНТЕРНЕТОТ!“ ПАРОДИИТЕ ЗА ПЛАТФОРМАТА „ДОМА СИ Е ДОМА“ НЕ СТИВНУВААТ

„ПУКНА ИНТЕРНЕТОТ!“ ПАРОДИИТЕ ЗА ПЛАТФОРМАТА „ДОМА СИ Е ДОМА“ НЕ СТИВНУВААТ

3153
0

Можеби не сте информирани за што станува збор, а фотографиите кои ги споделуваат вашите пријатели на социјалните мрежи ви се нејасни, затоа решивме да го објавиме овој текст.

Владата на Р. С. Македонија со цел да ја помогне туристичката дејност и да им помогне на граѓаните со пониски примања, покрена платформа за таа цел. (доколку ве интересира повеќе, може да прочитате на линкот)

Зошто се дигна толку галама и се направи пародија од целиот проект? На промотивните флаери кои беа нарачани од надлежните институции, наместо да бидат прикажани нашите природни убавини, дизајнерите употребиле разни фотографии од различни делови од светот наместо оригинални фотографии од нашите езера, планини и реки.

Креативните умови веднаш го забележија овој пропуст и на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат секакви пародии како печурки на дожд.

Во прилог можете да ја погледнете мини галеријата (пародија) која е направена за убавините на нашиот регион. Напоменуваме дека фотографиите не се направени со никаква политичка позадина или навредлива намера. Само насмејте се (ако ви е смешно) и споделете или исклучете ја страницата доколку не ја разбравте поентата.

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде