На вонредни парламентарни избори во Општина Гевгелија, граѓaните излегоа на гласање во голем број и гласаа во мирна и демократска атмосфера.
Според неофицијалните податоци на ОИК, од вкупно запишани 19.136 граѓани во избирачкиот список, на гласање излегле 13.363 граѓани или 69,83%.
По пребројувањето на гласачките ливчиња е утврдено дека 594 ливчиња биле неважечки, а 12.769 биле важечки.
Од вкупниот број на важечки гласачки ливчиња во Општина Гевгелија:
– Политичката партија на Албанците – ДПА добила 19 гласа;
– СДСМ и Коалицијата „Можеме“ добиле 5692 гласа;
– Левица – 734 гласа;
– Алијанса за Албанците и Алтернатива – 14 гласа;
– Глас за Македонија – 31 глас; – Граѓанско- демократска унија
– ГДУ – 38 гласа; – Интегра – 281 гласа;
– Демократска унија за интеграција- ДУИ – 9 гласа;
– Социјалдемократска унија- СДУ – 45 гласа;
– Никогаш Северна, само Македонија – Единствена Македонија – 76 гласа;
– Mоро работничка партија – 44 гласа;
– ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ – 5786 гласа.
Според неофицијалните изборни резултати на ДИК, Општина Гевгелија во новиот парламентарен состав ќе биде застапена со двајца пратеници- Марија Костадинова од СДСМ и Ангелина Петкова од ВМРО-ДПМНЕ.
Сега веќе пратеничката Петкова од ВМРО-ДПМНЕ во предизборната кампања ветуваше дека половина плата ќе ја донира во центрите за згрижување лица со посебни потреби. Ќе ја држиме за збор и редовно ќе ја потсетуваме преку нашиот сајт.