Илјадници луѓе ширум светот со денови демонстрираат во знак на поддршка на протестите против расизмот во САД по смртта на Џорџ Флојд во бруталната полициска интервенција на 25 мај.
Снимките на белиот полицаец кој клечи врз вратот на афроамериканецот Џорџ Флојд, кој потоа почина, предизвикаа протести од Амстердам до Најроби, но тие исто така ги исфрлија на површина и подлабоките поплаки на демонстрантите за затегнатите расни односи во нивните земји,
Додека насилни судири меѓу демонстрантите и властите беснеат во САД, илјадници активисти против полициската бруталност се собираат во знак на поддршка движењето „Животите на црнците се важни“ во многу европски , африкански и австралиски градови.
Мирните демонстранти ги потенцираа обвинувањата за социјална и економска нееднаквост и институционален расизам што потекнува од колонијалната ера на Холандија, Велика Британија и Франција.