„Дом на Култура“ Гевгелија продолжува со своите активности во времето на пандемијата. Како редовна пракса, онлајн настаните продолжуваат да се одвиваат, а следно е уште една изложба во соработка со Ансамбл МАКЕДОНИЈА.
Се работи за фотографии на традиционални носии од Балканот. Сите носии кои ќе можете да ги проследите во среда на 10.06.2020 година се од збирката на Ансамблот.
Проследете ја изложбата која ќе биде достапна секој работен ден од 11.06 до 16.06 од 09:00 до 14:00 часот, во просториите на Народен театар во Гевгелија.
Отварањето на изложбата ќе се емитува онлајн во среда со почеток во 20:00 часот, а истата можете да ја следите на youtube каналот на Дом на Култура Гевгелија.
Спонзорирано:
loading...