Технологија ИКТ 5Г ТЕХНОЛОГИЈАТА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ КАЈ ЧОВЕКОТ

5Г ТЕХНОЛОГИЈАТА И НЕЈЗИНОТО ВЛИЈАНИЕ КАЈ ЧОВЕКОТ

КОВИД19 неможе да се шири преку 5G мрежата

1190
0

ФАКТ: КОВИД19 неможе да се шири преку 5G мрежата!

5G мрежите започнаа да се појавуваат во градовите и земјите во 2018 година, но нивната поширока примена започна во 2019 година – истата година кога се појави првиот случај на коронавирус во Вухан, Кина. Теоретичарите на заговор бргу ги поврзаа овие две работи и, врз база на лажни вести, формираа движења за стоп на 5G мрежата во голем број земји.  Но, коинциденцијата на настаните не значи и постоење на причинско-последична врска помеѓу нив.

Вирусите не можат да патуваат преку емисија на радио-бранови. КОВИД-19 се шири и во многу земји кои немаат 5G мобилни мрежи. КОВИД-19 се шири преку респираторните капки кога заразено лице кашла, кива или зборува. Луѓето исто така можат да бидат заразени ако прво допрат загадена површина, а потоа ги допрат очите, устата или носот.

Постојат два типа на зрачење, јонизирачко и нејонизирачко зрачење.

          а) јонизирачко (штетно) зрачење

СЗО го дефинира јонизирачкото зрачење како зрачење со доволно количество на енергија која при интеракција со атом предизвикува отстранување на цврсто врзани електрони од орбитата на атомот, што резултира со полнење или јонизирање на атомот.

          б) нејонизирачко (нештетно) зрачење:

Нејонизирачко зрачење е термин кој се однесува на зрачење во делот на електромагнетниот спектар кое што нема доволно енергија за да предизвика јонизација. Вклучува електрични и магнетни полиња, радиобранови, микробранови, инфрацрвени зраци, ултравиолетови зраци и видливо зрачење.

Брановите со поголема бранова должина, а со пониска фреквенција (топлински и радио бранови) имаат помалку енергија за разлика од брановите со помала бранова должина, а со поголема фреквенција (Х и гама-зраци). Не е секое електромагнетно (ЕМ) зрачење јонизирачко. Само високо-фреквентниот дел од електромагнетниот спектар, кој ги вклучува Х и гама-зраците, е јонизирачки.

Електромагнетен спектрум

Source: CNET.com

Дел од фреквенциите кои ќе ги користи 5G се веќе постоечките фреквенции на 4G, а тоа се 900 MHz, 1800 MHz, 2.6 GHz и 3.5 GHz. Покрај тоа, во иднина ќе се користат и фреквенциите во опсег од 24 GHz до 40 GHz, а се очекува најмногу да се користи опсегот од 25 до 30 GHz. Тоа што најмногу ги загрижува граѓаните се највисоките фреквенции од 80-100 GHz, но тие веројатно нема да бидат употребени за широка потрошувачка (mainstream), односно 5G ќе се движи во опсегот од 24 до 40 GHz. За илустрација, веќе постоечките 5G мрежи во САД се далеку под максималното дозволеното ниво на зрачење, а во Велика Британија тие изнесуваат 1.5% од максимално дозволеното ниво.

Оттука, можеме да заклучиме дека 5G технологијата користи нејонизирачки зраци кои немаат доволно енергија за да предизвикаат штетни последици врз здравјето на луѓето.

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде