ЗМИЈА ИЛИ МАГАРЕ? - ГЕВГЕЛИЧАНИ ЌЕ ОДЛУЧАТ НА 15ти ОКТОМВРИ
Oпштинската изборна комисија ги утврди кандидатските листи за градоначалник на општина Гевгелија, како и распоредот на гласачкото ливче на локалните избори, кои ќе се одржат на 15 октомври 2017 година.
ЦЕЛОСНА СОВЕТНИЧКА ЛИСТА НА ТОМЕ КИЧУКОВ И ГРУПА ИЗБИРАЧИ
Независната советничка листа на Група Избирачи и Томе Кичуков ќе настапи самостојно на претстојните локални избори под реден број 78.

на 10ти октомври се одржа промоција на кандидатите од независната советничка листа на Томе Кичуков. gvginfo.mk ексклузивно ви го прикажува целосниот говор на носителот на листата Томе Кичуков:

Добро вечер почитувани присутни, пријатели, граѓани.... Од името на целиот тим од независни кандидати за советници, сакам да Ве поздравам и да Ви се заблагодарам за одвоеното време и присуство. Ќе се подружиме кратко, во една фина атмосфера, која ќе биде размена на искуства, идеи, каде што ние ќе ги предложиме нашите ставови, а Вие ќе имате можност да ги кажете вашите мислења и да поставите прашања. 

Најважно е да напоменам дека ова не е митинг, ова не е политичка партија, туку целосно независна група на граѓани која реши да истапи чекор понапред и да се ослободи од припадноста на било која политичка партија. Пред да се претставиме како што доликува, да расчистиме - која е нашата улога како Совет, а која е функцијата на градоначалник, заради тоа што наидовме на многу недоразбирања при средби со граѓаните.  Функцијата на градоначалникот е сосема различна од онаа на Советот, а ние сме групирани токму за да го претставиме Вашиот глас и Вашите потреби во Советот на општина Гевгелија.

Градоначаникот како позиција дава предлози, додека советот треба да одлучи дали да ги одобри или да ги отфрли предлозите. Ќе се залагаме конечно во Советот да се отпочне дебата и тоа продуктивна, која ќе биде во интерес и само од интерес на граѓаните на општина Гевгелија и без разлика од која политичка партија да доаѓа, секој добар предлог кој е во прилог на граѓаните да се поддржи, а секој недоволно добар, како и неиздржан да се отфрли.   Сметаме дека за советници во Советот се потребни независни членови, кои не се само глас кој се брои, или партиска рака крената во служба на интересите на политичките партиите, туку се разумни, независни луѓе кои ќе делуваат активно врз подобрување на секојдневниот живот на граѓаните во општината. Тие луѓе ќе го слушаат зборот и потребата на градот, ќе го претставуваат искрениот збор, и не за џабе се сплотени под слоганот Гевгелија заслужува искреност. Што се однесува до градоначалниците, ние сакаме да ја потенцираме нашата независност со тоа што јасно изјавуваме дека не поддржуваме никој од кандидатите за градоначалници на политичките партии, односно им посакуваме многу среќа на кандидатите на градоначалници и од двете политички партии, па нека победи подобриот. Промената мора да започне од некаде.

Кога човек ќе се одлучи да промени нешто, прво наидува на пречка кај самиот себе, не е најпријатно да се излезе од политичката обоеност на која што сме веќе навикнати.  Потоа следува соочување со пречките од опкружувањето, односно од луѓето кои биле навикнати на старата состојба и од линијата на помалиот отпор. Сите овие работи се случија и при одлучување на овој чекор. На оваа средба имаме за цел да ги разјасниме сите шпекулации кои произлегоа од политичките партии и да одговориме на прашањата во врска со нив. Ние ќе го кажеме нашиот став, Вие ќе ги поставите Вашите прашања за сè што мислите дека ние сме пропуштиле. Од самото формирање на оваа листа на многумина не им беше јасно, прво зошто, потоа за која цел е направена оваа листа, а верувам дека на многумина уште не им е јасно. Добро е што шпекулациите се присутни, и тоа од двете политички партии, што значи дека подеднакво сме далеку и од двете. Тоа е добар индикатор сам по себе и објаснува дека нивните напади, направија трета опција, што не беше случај во претходните локални избори.

Да повториме, не сме дел од ниту една партија, не сме продолжена рака и не поддржуваме ни една од партиите. Напротив, листата е составена од луѓе кои се расчистени од партиите и имаат за цел да бидат коректив на партиските активности во Советот, да бидат разумни и независни при одлучувањето за доброто на граѓаните на општина Гевгелија. Прва и основна причина за направената независна листа е фактот што не се согласуваме на нудење на кандидати за пратеници, градоначалници, и листи на совети, креирани и составени од главниот град, односно Скопје. Веќе нема смисла да продолжи истата пракса на партиите и да се чека централното раководство од главниот град да составува листи за советници. Напротив, овие листи треба да бидат составени од луѓе чиј што збор вреди и кои се секојдневно во градот и достапни на граѓаните на општина Гевгелија при решавање на нивните секојдневни проблеми.

Во изминатиот период видовме дека од такви наложени, составени советнички листи, советот на град Гевгелија веќе нема ни интерес за следење од страна на граѓаните на општина Гевгелија. Втора причина е департизацијата на раководните функции, на која што сметаме дека треба да се стави крај, и до израз да дојдат луѓе квалификувани за одредени раководни функции. Тоа ќе бидат луѓе кои професионално и одговорно ќе ја вршат својата функција, односно нема да ги злоупотребуваат своите службени положби и ќе работат исклучиво за потребите на граѓаните на општина Гевгелија.

Некој мораше да се побуни на тоа. Да истапи пред игрите, да се заложи за реалните потреби. Да не премолчи пред неправди, да уклучи своја глава, а не само да чека да му  биде кажано што да мисли и како да делува.  Горди сме што сме единствена независна листа на овие локални избори направена во Гевгелија, од  наши луѓе, кои по сопствена волја се на оваа независна листа.  Знаеме дека е некарактеристично советничка листа да има програма, ама ова не е програма со ветувања - ова се вашите предлози до нас, за што ние ќе се залагаме како советници во наредните четири години. Овие се реални барања од Вас-граѓаните кои ќе се реализираат со минимални финансиски средства, а ќе го подобрат животот во Гевгелија, гледано и на забавен и на спортски како и на културен план. Нашата програма и нашите зборови не се само тоа што знаеме дека сакате да го слушнете, како што добро знаат да презентираат политичките партии, туку се реални и остварливи предлози. Сега сакаме на кратко да ја презентираме нашата програма.  (читање на програма....)  Уште една работа која што сакаме да Ви ја напоменеме е дека целиот паушал од советниците на независна листа кои што ќе влезат во Советот ќе се донира во хуманитарни цели. Овие се реални и неопходни работи, за кои ќе бидеме среќни ако надополните нешто, бидејќи нашата програма не е затворена, или пак нѝ поставите прашање, доколку има нешто нејасно.  (можност за прашања....)

./ T.A.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

Наркоманијата се смета како ментално-хигиенски и општествен проблем. Според пишувањата на старогрчките писатели (Хомер 2500 год. Пр.н.е), Елена, ќерката на...
На шестите локални избори кои се одржаа вчера, од вкупно запишани 19.413 гласачи своето право на глас го оствариле вкупно...
Денес се одржуваат шестите по ред Локални избори во Македонија. точно во 07:00 часот беа отворени сите 35 гласачки места...
Вечерва на полноќ настапи предизборниот молк за локалните избори 2017. Предизборната кампања мина во фер и демократска атмосфера, без инциденти...
на 10ти октомври се одржа промоција на кандидатите од независната советничка листа на Томе Кичуков. gvginfo.mk ексклузивно ви го прикажува...

АНКЕТА

НА КОЈА СОВЕТНИЧКА ЛИСТА ЌЕ И ДАДЕТЕ ДОВЕРБА НА ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ?
loading...

НАЈАВА

Овозможено од