КОЖУФ УБЕДЛИВО СЛАВЕШЕ НАД БРЕГАЛНИЦА НА ПОСЛЕДНИОТ НАТПРЕВАР ГОДИНАВА
На денешниот меч, фудбалерите на Кожуф одиграа како по ноти за триумф над Брегалница со резултат 4:1. Во одлични временски услови, се одигра интересен дуел на кој сепак подобри беа
ВНИМАНИЕ, ОПШТИНАТА ЌЕ ГИ САНКЦИОНИРА НЕПРОПИСНО ПАРКИРАНИТЕ ВОЗИЛА
Општинските инспекциски служби поведоа акција за отстранување на сите непрописно паркирани возила на тротоари и јавни површини, како и оставени хаварисани возила.

User Rating: 0 / 5

Star InactiveStar InactiveStar InactiveStar InactiveStar Inactive
 

Денешната победа на Ф.К. „Кожуф“ против Ф.К. „Саса“ добива уште поголема тежина бидејки Кожуф играше цели 50 минути со играч помалку. Да почнеме од почеток.

Кожуф одлично влезе во натпреварот и постојано го контролираше истиот. Во 20та минута Тешевски го прави својот прв фаул и судијата Митревски без потребно му покажува жолт картон. Кожуф продолжува со добрата игра која резултира во 36та минута со откривање на резултатот преку Раде Ристенски. во 41ва минута пред гостинскиот шеснаесетник, Тошевски ја исфрла топката во корнер, а главниот судија на изненадување на сите покажува на 11 метри за домашните, а на Тошевски му вади втор жолт картон и автоматски црвен. Златковски ладнокрвно изедначува на 1:1. Со овој резултат двете екипи заминаа на одмор во соблекувалните.

Во вториот дел кога сите на стадионот очекуваа Саса да ги нападне трите бода, четата на Васе Беќаров покажа зошто важи за една од најдобро физички подготвените во лигата. Кожуф не се повлече ни педа и преку Раде Ристенски во 64та минута повторно доаѓа во водство 1:2. Во 77ма минута Марјан Ристовски прави мало ремек дело проаѓајки двајца домашни играчи, додава до Зумровски кој несебично го пронаоѓа Лазаровски, а последниот во манир на расен стрелец од прва погодува под пречката за конечни 1:3 за нашиот клуб. На крај 300тната објективна публика со аплауз ги награди нашите момци.

./ T.A.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

  Денес излезе дванаесеттото издание на микс компилацијата на познатиот гевгелиски DJ Тоше Тодоров. На ЦД-то се застапени нај вртените нумери...
Добро познатото студио за украсување и декорација на свечени моменти „ОЛИКАТ“ од утре на нова локација. Одбележете ги вашите моменти...
Министерството за транспорт и врски во соработка со ЈП за Државни патишта отпочнаа со реализација на проектот за реконструкција на...
На денешниот меч, фудбалерите на Кожуф одиграа како по ноти за триумф над Брегалница со резултат 4:1. Во одлични временски...
Средствата кои ќе бидат собрани за време на настанот ќе бидат донирани на нашите сограѓани на кои им е потребна...

АНКЕТА

Дали сте задоволни од културно-уметничката понуда во Општина Гевгелија?
loading...

НАЈАВА

Овозможено од