Локално Купанов е новото засилување на прволигашот Тиквеш

Купанов е новото засилување на прволигашот Тиквеш

250
0
Kupanov Filip

Фудбалскиот клуб Тиквеш промовира уште две нови имиња за пролетниот дел од сезоната во ПМФЛ: 

Кавадарчани се засилија меѓу стативите и на средината од теренот, откако ги промовираа Филип Купанов и Рушту Јонус. Двајцата доаѓаат од прволигашки клубови, бидејќи настапуваа за Брера, односно Вардар. 

Гевгеличанецот Филип Купанов доаѓа на позајмица од редовите на Брера со која е под договорт. 22-годишниот голман во кариерата настапуваше како позајмен и во Детонит Јуниор и Беласица. Од друга страна Јонус кој игра на средината од теренот доаѓа по една полусезона во Вардар. Тој забележа десет настапи во скопскиот тим, а сега ќе заигра за Тиквеш. Претходно во кариерата беше дел од Шкупи, Работнички, Пехчево, Охрид и Гостивар. 

Тиквеш досега освен Купанов и Јонус го засили својот тим со Арби Воша и Даниел Миловановиќ.

Превземено од gol.mk

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде