Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија, врз основа на доставените извештаи и официјалните забелешки, денес на својата седница донесе одлуки и отвори постапки за следните случаи.
Забрани за извршување на фукција добија тренерот на ФК Кожуф и техничкиот директор на ФК Кожуф.
Славчо Георгиевски, тренер на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години. Пепи Георгиев, технички директор на ФК Кожуф – забрана за вршење на функција во времетраење од 2 години.
Денес, исто така, Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), поведе и неколку постапки.
– Против ФК Шкендија АД, поради користење пиротехнички средства на натпреварот ФК Шкендија – ФК Силекс;
– Против ФК Македонија ЃП, поради користење пиротехнички средства на натпреварот ФК Македонија ЃП – ФК Беласица;
– Против ФК Кожуф, поради прикривање и нерегуларности на натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими. Од истата причина, веќе е поведена постапка против ФК Башкими;
– Против Фетахи Фуркан, комесар за безбедност на ФК Башкими;
– Против Кирил Стојков, поради добиен црвен картон на натпреварот ФК Кожуф – ФК Новаци;
– Против играчи на ФК Кожуф (К.С.Ј.П.Б.К.Д.Б.) – за прикривање информации поврзани со натпреварот ФК Кожуф – ФК Башкими;





