Денес (15 мај 2025) во просториите на угостителската сала при СОУ „Јосиф Јосифовски“ во Гевгелија ќе се одржи премиерна промоција на книгата „Прва Средба“ – практичен водич за почетници за совладување на основните компјутерски вештини и програми за канцелариско работење.
Автор на книгата „Прва Средба“ е гевгеличанецот Трајче Аврамов, Дипл. Информатичар, Рецензент е Дипл. Инг. Никола Марачков,а издавач е ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ од Гевгелија со што слободно може да кажеме дека ова е 100% гевгелиски производ.
Книгата е напишана со цел читателот да се стекне со основни познавања за работа со компјутер, програми за канцелариско работење и најпотребните веб алатки и услуги кои се неопходни за секој кој работните обврски ги извршува со помош на компјутер. Книгата е наменета за сите возрасти.






