Поранешниот фудбалер и поранешен спортски директор на второлигашот „Кожуф“ од Гевгелија, Ристо Танев -Пунац е назначен за нов генерален директор на грчкиот клуб „АЕП“ од Поликастро.
Пунац ја започна фудбалската кариера „Кожуф“, настапувајќи за сите младински погони во матичниот клуб, а беше и најдобар стрелец во младинска категорија, како и поранешен репрезентативец на Македонија во младинските репрезентации. Во неговата богата кариера настапуваше 12 години во Грција, а професионалната фудбалска кариера ја заврши токму во „АЕП“ од Поликасто.

Неговото искуство како спортски директор во Кожуф е големо, тој клубот го издигна максимално, се вложи и клубот го остави стабилен, организиран во сите сегменти, а сега тоа искуство ќе го пренесува и во грчкиот клуб, а целта ќе биде влез од Трета во Втората грчка лига, каде што „АЕП“ има само бод помалку во однос на лидерот на табелата.
Пунац верува дека ќе биде шампион и ќе се врати клубот во Втората лига, како во сезоната 2002/3003 кога бил дел од клубот како играч и истиот бил шампион.
Тимот на gvginfo.mk му честита на Пунац и му посакува реализација на целта за оваа сезона и многу поголеми успеси во иднина.





