Локално Вести Дојава за бомба и во Гевгелија

Дојава за бомба и во Гевгелија

1290
0
Крсте Мисирков

Утрово се разбудивме со вести за дојава за бомба во неколку училишта низ државата, меѓу кои и основното општинско училиште „Кртсте Мисирков“ во Гевгелија. Читател на нашиот портал се обрати до нашата редакција, по што исконтактиравме со директорот на училиштето Ѓорѓи Стамков. Според тоа што ни е кажано од страна на директорот, дојава за бомба во училиштето имало на службениот мејл, по што децата се извадени надвор во дворот и училиштето е проверено од страна на припадници на МВР. Простор за паника нема, се работи за лажна дојава – рече Стамков.

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде