Локално Вести Годинава Гевгелија ќе биде „Град на културата“, ќе се одржат вкупно 142...

Годинава Гевгелија ќе биде „Град на културата“, ќе се одржат вкупно 142 културни настани

211
0
Сарамандов и Љутков

Гевгелија е Град на културата за 2025 година, соопшти министерот за култура и туризам Зоран Љутков кој денеска заедно со државната секретарка Марија Ѓоргова ги посетија институциите од областа на културата во овој град.

Министерот Љутков потсети дека Гевгелија вторпат по 2011 година, е носител на оваа манифестација што ја потврдува посветеност на градот повторно да биде во центарот на културните настани во Македонија.

„Ова признание не е само чест, туку и обврска. Тоа е потврда дека Гевгелија, со својата богатa културна традиција, повторно ќе биде во центарот на културните настани во Македонија. Министерството за култура и туризам стои зад вас и ја поддржува оваа манифестација со 3 милиони денари, со цел да создадеме програма со повеќе од 140 настани во текот на целата година, програма која ќе го освежи културниот живот во овој град“, рече министерот Љутков.

Љутков ја посети и Старата чаршија во Гевгелија, за чија комплетна реставрација, од буџетот на Владата се издвоени  40.675.095 денари, со што Гевгелија ќе добие нова визуелна и функционална димензија.

„Овие проекти ќе ја подобрат инфраструктурата и ќе создадат простор за културни настани и уметнички проекти, со што ќе се негува традицијата и ќе се поттикнат нови културни трендови“, рече Љутков.

Според министерот Љутков, Гевгелија со својата локација и природни убавини, привлекува бројни туристи, а сега, како што рече,  со статусот на Град на културата, ќе понуди нови искуства и можности за уживање. 

Во рамки на посетата на Гевгелија министерот Љутков, заедно со своjoите домаќини, ги  посети НУ Музеј Гевгелија, библиотеката „Гоце Делчев“ како и црквата „Свети Атанасиј“ во село Габрово .

– Изјавија за медиумите од министерството за култура и туризам.

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде