Карате спортот во Гевгелија постои од 1968 година, како секција при спортското друштво Партизан, а во 1975 година, оваа секција се регистрира како самостоен клуб – Карате Клуб „Гевгелија“.
Оваа јапонска вештина во Гевгелија е донесена од Марјан Свилечиќ, а по неговото повлекување од позицијата тренер на клубот, на негово место е Живко Аврамов, кој се до денес е активен тренер на клубот, носител на мајсторски појас 8ми дан.
Во сите овие години, клубот има многубројни успеси и достигнувања, а најважно е што преку 3.000 во одреден период деца, а сега веќе возрасни и изградени личности биле дел од овој клуб и граделе здраво тело и здрав дух.
Карате Клубот со гордост го најавува својот јубилеј – 50 години постоење како самостоен клуб и 57 години карате во Гевгелија! Ова е значаен момент за сите нас, сегашни и поранешни членови на клубот.
По тој повод, ги повикуваме сите некогашни членови, кои во изминатите 57 години биле дел од нашиот клуб, да се придружат на специјалните рекреативни тренинзи. Ова е идеална можност повторно да се вратите во духот на каратето и да бидете дел од оваа историска година за клубот.
Истовремено, ги известуваме сите сегашни членови и натпреварувачи дека редовните тренинзи продолжуваат овој понеделник во истите термини.
Дополнително, започнуваме и со уписи за нови членови, па ова е одлична шанса за сите заинтересирани да станат дел од нашиот клуб.
Тренинзите се одржуваат секој понеделник, среда и петок во три групи, во периодот од 18:00 до 21:00 часот во просториите на Пионерски Дом во Гевгелија.
Не пропуштајте ја можноста да бидете дел од ова значајно поглавје во историјата на Карате Клуб „Гевгелија“!
Ве очекуваме!
Карате Клуб „Гевгелија“
Контакт:
Facebook Фан страница на клубот
тел.: 070 320 512 – Живко Аврамов





