Локално Вести Флора Апостолова со бронза на Државното карате првенство и пласман на Балканското...

Флора Апостолова со бронза на Државното карате првенство и пласман на Балканското првенство

873
0
Flora Apostolova

Карате клубот „Гевгелија – 75“ на 27 април учествуваше на Државното карате првенство за деца, кое се одржа во Скопје. Клубот го претставуваа тројца натпреварувачи: Флора Апостолова (ката, девојчиња 11 години), Мохан Мишра (ката, момчиња 10 години) и Димитар Шаренков (ката, момчиња 11 години).

Најголем успех за клубот постигна Флора Апостолова која го освои третото место во својата категорија, со што избори пласман за учество на Балканското карате првенство што ќе се одржи во Бар, Црна Гора од 30 мај до 1 јуни 2025 година.

Тренерот на карате клубот „Гевгелија – 75“, Сенсеи Живко Аврамов, карате мајстор со 8-ми дан, изјави дека е задоволен од постигнатиот резултат, но дека очекува уште подобри настапи на Балканското првенство. Тој најави дека подготовките за ова натпреварување започнуваат веднаш.

Спонзорирано:
loading...

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде