Coworking е уредување во кое работници за различни компании, стартапи или индивидуални фриленсери споделуваат заеднички канцелариски простор. Овој начин на работа овозможува заштеди со користење на заедничка инфраструктура, опрема, алатки. Во најголем дел од случаите, просторот треба да има и оддел за храна и пијалоци.
Што треба да има еден coworking простор за да биде препознаен како ИН локација?
Местото треба да има удобно седење што е од значителна важност имајки во предвид дека сепак треба овде да престојувате неколку часа на ден доколку сте го одбрале овој начин на работа.
Пожелно е да биде во центарот на градот заради полесна комуникација.
Распоредот на просториите мора да биде нетипичен. Во никој случај не треба да ги копира канцелариите на компаниите, бидејќи нивната задача е да создаде уникатно креативно место каде на луѓето не само што ќе им биде удобно да работат, туку и да се забавуваат.
Стабилен и брз интернет е предуслов, без кој центарот нема да може нормално да функционира.
Треба да има храна и пијалоци.






