На социјалните мрежи, граѓаните на гевгелија упатуваат повици за собир на градскиот плоштад и оддавање почит на загинатите, вечерва во 19:30 часот. Повикот излгеда прифатено помеѓу гевгеличани и веројатно собирот ќе се случи.
Инаку ова утро граѓаните на Македонија се разбудија со трагична вест за пожар во дискотека во Кочани за време на концерт на популарните ДНК. Во пожарот има преку 60 погинати лица, најголем дел во 20-тите години од животот, а на клиниките во Кочани, Штип, Скопје и други градови има стотици повредени на кои им се укажува лекарска помош и грижа.
Им посакуваме брзо закрепнување на повредените и изразуваме длабоко сочуство до семејствата на погинатите.
Спонзорирано:
loading...





