Вчера 03.03.2025 на регионалниот пат во близина на комплексот „Негорски бањи“ се случи сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „фолксваген транспортер“ со валандовски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(41) од с.Собри, валандовско и мотоцикл „хонда“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од С.Д.(48) од с.Негорци.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот и на пат кон болница им подлегнал на повредите и починал во возилото на Итната медицинска помош. Лекар констатирал смрт, а увид на местото извршиле увидна екипа од ОВР Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото на починатиот било дадено на обдукција.
Саше беше полициски службеник, сопруг и татко на две ќерки. Во сообраќајот секогаш беше познат како примерен моторџија, а тие што го познаваа имат само добри зборови за него како пријател, колега, сограѓанин.
Почивај во мир Саше. Сочуство до семејството.





